Фото: О.К.

Според последните анализи од стручните лица од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Велес, направени овој месец, водата во вештачката акумулација езеро „Младост“ кај Велес и понатаму е забранета да се користи за капење и за рекреација, сѐ додека од стручна институција не се докаже отсуство на цијанобактерии, но и цијанотоксини.

Од извршениот санитарно-хигиенски увид на езерото „Младост“, Центарот за јавно здравје – Велес констатира постоење „видлива пролиферација на алги и појава на пена и голема количина биомаса – густи, пифтиести, сунѓерасти наслаги со жолто-кафеава боја, кои покриваат значителен дел од крајбрежјето на акумулацијата“.

Оваа институција излезе со препорака што гласи: „Водата НЕ СМЕЕ да се користи за капење и за рекреација додека не се изврши испитување од стручна институција, која ќе докаже дека во водата нема цијанобактерии и не содржи цијанотоксини“.

Советниците на опозицијата во Општина Велес во меѓувреме побараа вонредни анализи на водата за пиење во Велес и во околните населени места.

О. К.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn
Scroll to Top

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE