Фото: Марија Нацева / Фејсбук
Во Неготино е во тек реконструкција на тротоари, со која ќе се овозможи полесно движење на пешаци и на лица со посебни потреби. Како што соопшти денеска градоначалничката Марија Нацева, целта на проектот е подобрување на постојната инфраструктура, а преку изведување градежни зафати да се создадат услови за непречено и олеснето движење на пешаците и на лицата со посебни потреби.
Нацева напиша на Фејсбук дека станува збор за тротоари за кои стручните служби утврдиле дека се во незавидна состојба и делумно нефункционални, па токму затоа се пристапило кон нивна реконструкција и обнова.
Во моментов се одвива реконструкција на тротоарот на улица „Маршал Тито“ на потегот од „Либерта“ до градскиот плоштад, како и на улица „Партизанска“ на потегот од градскиот плоштад до спојот со улицата „4 Јули“, со вкупна должина од 653 метри на двата тротоара.
Р. Л.


