Јавното претпријатие Лисиче започна со расчистување на крајбрежјето на езерото Младост крај Велес и за таа цел во соработка со Министерството за земјоделство, шумартсво и водостопанство беше отстапена соодветна машина.

Ова следува откако на првиот повик за механичко отстранување на наслаги распишан од ЈПВ Лисиче  не се пријави фирма што ќе ја отстрани органската маса од изумрени алги и трски, која плива по површината, ќе ги отстрани исушените дрвја и ќе ја исече трската по крајбрежјето.

 Општина Велес информираше дека еден дел од коритото на Отовичка река е исчистен, а во следниот период следи проектирање и правење на бушотини за доток на свежа вода и изведба на дополнителен сифон за празнење на езерото. Распишан е и јавен повик за хидрогеолошки истражувања за изведба на бушотините, а во фаза на изработка е и проект за санација на темелниот испуст.

Како долгорочно и трајно решение е најавено довршување на цевководот за поврзување на акумулациите Лисиче и Младост.

 

О.K.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn
Scroll to Top

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE