Илустративна фотографија / Pexels

Велешанец е осуден за  кривично дело „убивање и мачење животни“ со парична казна од 500 евра во Основниот суд во Велес, затоа што повредил куче што подоцна починало.

Настанот се случил на 13 мај лани, околу 8:30 часот, во дворот од семејната куќа лоцирана во село Мартолци, кога кучето на соседот влегло во дворот на обвинетиот што не бил ограден.

Кога обвинетиот го забележал кучето, зел вила со четири метални краци и со неа двапати го прободел кучето, еднаш во пределот на главата и еднаш во пределот на вилицата.

Кучето во тешка клиничка состојба со знаци на шок било изложено на непотребни маки и болки, па поради сериозноста на повредите и со знаците на шок, било евтаназирано од ветеринар од ветеринарна станица.  

О. К.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn
Scroll to Top

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE