Неопходно е да се зајакне меѓуинституционалната соработка за ефективно решавање на проблемот со семејното насилство, гласи заклучокот од средбата на сите релевантни фактори, која се организираше во рамките на кампањата „16 дена активизам  – Обединети против насилството врз жените и девојчињата“  во Општина Велес.

На средбата што ја организираа Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Велес и Организацијата на жени Велес, присуствуваа претставници на СВР Велес, ЦСР Велес, Основен суд Велес, ЈЗУ Велес, психолози и педагози од училишта и претставници од Општина Велес.

На средбата се дискутираше за најгорливиот проблем во локалната заедница – семејното насилство.

Целта на средбата е да се подигне јавната свест за постоењето на насилството во сите сфери на општественото живеење и зголемување на колективниот придонес во борбата за спречување на негативната појава.

Претставниците од Центарот за социјални работи ја истакнаа потребата од обука за процена на жртвите, кои според нив често ја злоупотребуваат состојбата во која се наоѓаат за да остварат каква било корист од институциите.

Учесниците на дебатата, секој од својот сектор, ги споделија искуствата и констатираа дека бројот на жртви на семејно насилство е сериозно зголемен, од почетокот на годинава до сега се води судска постапка за 63 случаи на семејно насилство.

Формирање тим од стручни лица што постојано ќе работат со жртвите на семејно насилство и почести средби на надлежните институции се дел од заклучоците на оваа дебата.

О.K.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn
Scroll to Top

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE