Фото: Р.Л.

По објавената сторија на медиумот на заедницата „Локал Актив Вардар“ за потребата од отворање засолниште за згрижување жртви од семејно насилство во Тиквешкиот Регион, претставничка на Здружението за родова еднаквост „Визија“ – Кавадарци реализираше работна средба со Милена Белевска, директорка на Центарот за социјална работа – Кавадарци.

На средбата се разговараше за потребата од воспоставување шелтер центар во Општина Кавадарци, имајќи ја предвид потребата од обезбедување безбедно и привремено сместување за жртви на семејно и родово-базирано насилство во регионот. Беше истакната неопходноста од отворање ваков сервис и важноста од заедничко застапување пред Министерството за труд и социјална политика, со цел обезбедување институционална и финансиска поддршка за негово воспоставување.

Дополнително, на средбата беше договорено заеднички да се дејствува во име на Центарот за социјална работа, ЗРЕ „Визија“ и локалната самоуправа, и да се иницира соработка со бизнис-секторот во општината заради обезбедување финансиски средства и поддршка за воспоставување и функционирање на шелтер центарот. Директорката на Центарот за социјална работа – Кавадарци ја изрази подготвеноста да придонесат во рамките на своите надлежности и можности за реализација на оваа значајна иницијатива.

Р. Л.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn
Scroll to Top

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE