Фото: Општина Велес

Нешто повеќе од 4 000 ученици во основните училишта во Велес ќе добијат бесплатни училишни униформи за новата учебна 2026/27 година.

Униформите се обезбедени со средства од блок-дотациите на училиштата, а како што велат од Општина Велес, со оваа мерка ќе се намалат финансиските трошоци на семејствата и ќе се обезбеди еднаков изглед на учениците, со што ќе се поттикне чувство на припадност кон училиштето.

Оттаму додаваат дека со овој потег истовремено се обезбедува и социјална еднаквост преку еднакви услови за образование, со што директно ќе се влијае врз намалување на врсничката поделба и булингот по социјална основа што е присутен во училиштата.

Во текот на овие две недели, учениците ќе имаат можност да ги пробаат униформите во своите училишта според величините и навреме да се подготват за почетокот на учебната година.

Сепак, оваа мерка помалку е во сенка на веста дека новата учебна година ќе почне со помал број првачиња во Велес. 

Во општинските основни училишта во Велес досега се запишани 376 првачиња или 16 помалку од оваа учебна година. Бројката не е конечна, уписите траат до септември годинава, поточно сè до почетокот на учебната 2026/2027 година.

Лани во прво одделение во основните училишта во Велес беа запишани 392 ученици, а годинава таа бројка ќе биде помала. Како главни причини за овој тренд, експертската јавност ги посочува наталитетот и иселувањето на младите семејства во земјите на ЕУ.

O.K.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn
Scroll to Top

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE