Фото: Локал Актив Вардар
Со целовечерен фолклорен концерт, на 18 ноември, во киносалата во Свети Николе беше одбележана 152-годишнината од раѓањето на Крсте Петков Мисирков.
Пред публиката настапи ансамблот „Студио фолклор“ од Скопје, а како гости се претставија првата група и ветераните на Фолклорниот ансамбл „Јанко Глигоров“ од Свети Николе.
На програмата беа изведени повеќе традиционални македонски ора, меѓу кои „Седенка“, „Малешевка“, „Кумановка“, „Жетварка“, „Роненка“, „Пијанец“ и „Драчевка“.
Концертот беше организиран од ОУ Дом на културата „Крсте Мисирков“ – Свети Николе, во чест на ликот и делото на македонскиот великан Крсте Петков Мисирков.
Р. П.

