Фото: Ековита

Сѐ уште постои отровното растение сребренолисен зрнец во Неготино, велат екологистите од регионалното еколошко друштво „Ековита“.

„Во рамките на проектот ‘Еко-мисија’, денес извршивме мониторинг на локацијата во Неготино, каде што минатата година го евидентиравме инвазивното и отровно растение Solanum elaeagnifolium (сребренолисен зрнец)“, рекоа од здружението.

Патем информираа дека големото жариште е уништено, но и покрај спроведените третмани, неколку примероци од растението повторно се појавуваат во околните делови покрај патот.

„Локал Актив Вардар“ објави сторија на оваа тема, пренесувајќи ги информациите дека станува збор за инвазивно растение, многу отпорно, за чие трајно искоренување се потребни години. Екологистите подвлекоа дека станува збор за исклучително отпорен вид, чиј силен корен останува активен во почвата, што значи дека надзорот ќе продолжи и во наредните години, сè додека не се отстрани и последниот изданок.

„Како здружение, ќе продолжиме со редовна контрола на теренот, особено во наредните денови кога растението ќе стане повидливо со појавата на цветовите“, истакнаа неготинското екологисти.

Р. Л.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn
Scroll to Top

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE