По големите проблеми со водата во Долни Дисан, за кои „Локал Актив Вардар“ пишуваше неколкупати во минатото лето, се чини дека ова лето жителите на ова неготинско село ќе имаат една грижа помалку.   

Од неготинското комунално претпријатие „Комуналец“ известија дека е монтирана нова пумпа во неготинското село Долни Дисан.

„Во Долни Дисан во бунарот од кој жителите се снабдуваат со вода за пиење монтиравме нова, помоќна пумпа од 15 киловати, со која речиси за уште толку го зголемивме дотурот на вода кон резервоарот. Се надеваме дека многу ќе ни помогне во стабилизирање на водоснабдувањето особено во лето и особено на повисоките делови“, соопштија од неготински „Комуналец“. 

Оттаму споделија исто така дека, сепак, според  количините што ги испорачуваат и оние што ги евидентираат,  регистрираат голема разлика. 

„Затоа апелираме до сите што имаат приклучок што не е евидентиран или е без водомер, да го пријават во ЈП ‘Комуналец’ во наредните денови. Потоа ќе се сметаат за диви приклучоци и ќе бидат соодветно процесирани и казнети”, предупредија од јавното комунално претпријатие. 

Р. Л.

Фотографија: Википедија

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn
Scroll to Top

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE