Со одлука на Советот на градоначалници на Вардарскиот плански регион, поранешниот директор на ЈП „Парк спорт и паркинзи“ Зоран Јаневски е избран за в.д. директор на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион со седиште во Велес.
Зоран Јаневски е дипломиран инженер по безбедност и здравје при работа на Машинскиот факултет при УКИМ. Својата професионална реализација ја започнал во приватниот сектор, каде што останал долги години, сѐ до вработувањето во Врховниот суд, во периодот од 2010 до 2014 година, како стручен соработник за безбедност и здравје при работа.
Јаневски во периодот од 2015 до 2022 година е вработен во Општина Велес, во Одделението за локален економски развој, со звање соработник за угостителство, занаетчиство и туризам.
Од октомври 2022 до април 2024 година беше в.д. директор во ЈП „Парк спорт и паркинзи“, додека во изминатите осум месеци ја извршуваше функцијата директор на истото претпријатие.
Зоран Јаневски воедно е и претседател на велосипедското здружение на граѓани „Велес бајкинг“ и на Македонската аматерска велосипедска асоцијација.
О.K.


