Половина од општинските јавни претпријатија во државата 2024 година ја завршиле со загуба, покажува ново истражување на Центарот за граѓански комуникации.

Од вкупно 128 јавни претпријатија, дури 71 – односно 55 отсто – оствариле негативен финансиски резултат, со акумулирани загуби што достигнуваат 17,4 милиони евра.

На врвот на оваа негативна листа се три скопски комунални претпријатија: „Водовод и канализација“ со загуба од 4,2 милиони евра, „Улици и патишта“ со 2,6 милиони евра и „Комунална хигиена“ со 1,2 милиони евра.

Следуваат две битолски претпријатија – „Водовод“ со еден милион евра загуба и „Комуналец“ со 960.000 евра. На листата се и скопски „Паркови и зеленило“ со 944.000 евра минус, како и комуналните претпријатија „Водовод“ од Кочани (902.000 евра), „Охридски комуналец“ (597.000 евра) и „Водовод и канализација“ Прилеп (462.000 евра).

Јавното комунално претпријатие „Дервен“ – Велес е меѓу оние со најголем финансиски минус.

Претпријатието ја завршило 2024 година со минус од околу 600.000 евра, што го позиционира во најкритичната група локални комунални субјекти со сериозни финансиски предизвици.

Овие податоци укажуваат на потребата од подлабока анализа на работењето и на финансиската одржливост на јавните претпријатија, со особен акцент на оние што, како „Дервен“ – Велес, се од суштинско значење за секојдневните комунални услуги на граѓаните.

О. К.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn
Scroll to Top

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE