Родителите во Велес од 1 февруари добиваат повисок месечен надоместок за престој на нивните деца во детските градинки „Димче Мирчев“.

Со одлука донесена на Советот на Општина Велес, цената е зголемена од досегашните 1.490 на 1.990 денари, што претставува пораст од 33,6 проценти.

Како што образложи директорката на детската градинка „Димче Мирчев“, Наташа Јанушева, зголемувањето на цената е неминовно поради енормниот раст на трошоците, пред сѐ за храна, затоплување и за тековно одржување на објектите. Според Јанушева, досегашната цена не ги покривала реалните расходи, што создавало финансиски притисок врз установата иако досега работеле позитивно.

Одлуката за поскапување не помина без реакции. Дел од опозициските советници на седницата изразија незадоволство и побараа одложување на мерката, најмалку до почетокот на новата учебна година, со цел да им се излезе во пресрет на родителите и на семејствата со повеќе деца.

И покрај противењето, мнозинството советници ја изгласаа одлуката, па повисоката цена започна да се применува од почетокот на февруари.

О.K.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn
Scroll to Top

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE